Основи и принципи на православната христијанска педагогија
Date Issued
2013
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Концептот на модернизација на образованието предлага сеопфатна и темелна модернизација на образовниот систем како стратешка насока. Притоа се нагласува потребата за негување на најдобрите традиции и користењето на богатото образовно искуство. Законските акти кои ги регулираат односите во образованието, кое има секуларен карактер, јасно нагласуваат дека Црквата е одвоена од државата, но сепак, таа не е одвоена и од општеството.
Теоретско-методолошките основи на православната христијанска педагогија содржат значаен потенцијал за реализација во современиот педагошки простор и се соодветни на принципите од хуманистичката ориентираната образовна парадигма. Тие се релевантни за воспитанието на идните генерации, кои живеат во услови на мултикултурност и мултиконфесионалност. Поради големиот духовно-морален потенцијал на принципите: ненасилство, љубов, слобода и соборност, тие можат да придонесат за развојот на аксиолошките ориентации на адолесцентите во период на развој на едно граѓанско општество и демократска држава.
Научно-педагошката анализа ни дозволува да ги идентификуваме принципите на православната христијанска педагогија кои одразуваат различни аспекти на битието и познанието (онтолошки, гносеолошки, антрополошки, аксиолошки, етички и естетски). Тие ги определуваат поимите: Бог, свет, човек, личност, вистина, слобода, љубов, кои се исто така актуелни во современата хуманистички ориентирана образовна парадигма.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Анета Јовковска-Основи и принципи на православната христијанска педагогија.pdf
Size
602.63 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5fc485d4c5a905f3b2b48d70de3e4e58