Читање на далечина и светска литература: нова перспектива на еден стар проблем
Date Issued
2023
Author(s)
Ведран Диздаревиќ
Abstract
Во овој труд ќе го претставиме и анализираме концептот/методот читање на далечина, образложен/а од италијанскиот теоретичар и историчар на литературата Франко Морети. Во првиот дел од трудот ќе го претставиме проблемското читање на Морети на идејата за светска литература (Weltliterature), концепт замислeн уште од Гете во XIX век. Ќе покажеме зошто Морети смета дека идејата за светската литература – како што е замислувана од Гете до денес – претставува проблем што треба да се реши, а не само обична идеја. Во вториот дел од трудот ќе го претставиме одговорот на италијанскиот теоретичар на проблемот на светската литература, односно самиот концепт на читање на далечина. Ќе го анализираме овој концепт како што е образложен во делата на Морети, и ќе покажеме зошто тој смета дека читањето на далечина претставува одговор на проблемот на светската литература. Во третиот дел, пак, ќе го контекстуализираме проектот на Монети во пошироки рамки, најпрво од гледна точка на науката за книжевност, а потоа и од гледна точка на историјата на идеите.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Читање на далечина и светска литература нова перспектива на еден стар проблем.pdf
Size
9.25 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):da6b0f055d1515063cdf8db6cd79aed0
