Пантеистичко раскажувачко искуство (во светот на „Зоосториите“ од Владимир Мартиновски)
Journal
Journal of Contemporary Philology, 3 (2), 2020, pp. 121–131.
Date Issued
2020-12
Author(s)
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP202
Abstract
Традиционалните и современите наратолошки истражувања ја потврдија виталната природа на раскажувањето и неговото значење за правилно разбирање на скоро сите човечки феномени. Таквата фокусираност врз човекот и неговата способност за раскажување ги поттикна актуелните анализи кон промислување на природата на другите појави (од човечкиот, животинскиот, растителниот свет и сл.), кои поседуваат сопствен животен тек и своја приказна. Во таа смисла, импресивната творечка објава на Зоосториите од Владимир Мартиновски значеше своевиден културен пресврт во македонската средина, преиспитувајќи ги темелните својства на раскажувањето. Оваа збирка ја имагинира зоосферата како специфичен хронотоп, среде кој се преобликуваат мноштвото актуелни категории, кои се дел од човековата постмодерна култура. Истовремено, таквото конципирање на различните приказни од и за животните, кои не само што добиваат право на глас туку изрaснуваат и како активен творец, значи поместување на метафизичкиот картезијански центар, кој со векови ја затемнува суштествената улога на природната разновидност при промислувањето на човековата суштина. Да се пишува туѓата приказна значи да се согледа себството како некој Друг, односно да се надмине она што разликува во корист на она што создава просторни односи и временска блискост (во смисла на поимот différance на Жак Дерида).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
1466-Article Text-2469-1-10-20201219.pdf
Size
736.45 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2d1ebf2d526a6306f25936458ebdd7ba
