СОМАТСКИ ФРАЗЕМИ: Паралелни фразеолошки корпуси
Date Issued
2018
Author(s)
Јасминка Делова-Силјанова, Милица Миркуловска
Abstract
Преведувањето на фразеолошките изрази претставува еден од најсложените проблеми на уметноста на преведувањето и на теориски и на практичен план. Фраземата обично, покрај единственото лексичко значење, ја чува и националната специфичност и сликовитост изразени во одредени лексички единици што се нејзин составен дел.
Од овој аспект појдовме кога на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје започнавме проект под наслов „Паралелни фразеолошки корпуси“ чија главна цел беше создавање база на македонски соматски фраземи и нивни еквиваленти во рускиот, во полскиот, во чешкиот и во францускиот јазик која би давала можност за брзо пребарување и проучување на фразеологијата на вклучените јазици. Ваквата електронска база претставува корисна алатка која може да најде примена при учење на јазикот,при преведување,при компаративни истражувања,при лексиколошки и лексикографски истражувања,при составувањето на двојазични речници,како извор на наставен материјал и сл.
Во нашиот труд ги ќе го разгледаме материјалот опфатен во рамките на овој проект, а посебно ќе се задржиме на теоретскиот пристап и начинот на обработка на соматските фраземи, со осврт на примерите од македонскиот, од чешкиот и од полскиот јазик.

Subjects