Алергична реакција на протамин како составна компонента на инсулин
Journal
Medicus
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Дијабет мелитус е метаболна болест која се карактеризира со хипергликемија која настанува поради нарушена секреција на инсулинот или поради нарушено дејствување на инсулинот. Хронични компликации на дијабетесот се јавуваат после повекегодишно траење на болеста, а кај нерегулирани метаболни пореметувања тие се јавуваат и порано. Пациентка на 67 години,боледува од Дијабетес мелитус Тип 2,последниве 5 години. Во Центар за дијабет се јавува поради нерегулирани гликемии и појава на алергична реакција по апликација на инсулинската терапија insulin (Humulin ). Поради увид на хематоми и уртикароидни промени во пределот на надлактици, натколеници и абдомен, поточно на местата на апликација на инсулинската терапија проследени со печење и пруритус, извршена е промена на инсулинот во базален Детемир инсулин. Се појавувала иста реакција но во помал степен и интензитет. По една недела е извршен контролен преглед при што е увидено дека има помали хематоми на местата на апликација на инсулинската терапија без појава на печење и чешање. Но сепак, се уште биле присутни хематоми и уртикароидни промени иако во помал и полесен степен на место на апликацијата на инсулинската терапија. Упатена е на дерматовенерологија Градска Општа болница каде е хоспитализирана.Утврден алерген е протамин како составна субстанција на инсулините. Препорака- да се продолжи со инсулин Гларгине 30 И.Е. субкутано еднаш дневн. и игли Новопен 6 мм.Дискусија и заклучок: Честата алергија на инсулинот е сè помала од година во година, веројатно поради употребата на пречистените форми на хумани инсулини. Етиолошкиот агенс е непротеински дел од инсулинот (протемин или цинк) или неинсулински протеин. Протамините се мали, нуклеарни протеини богати со аргинин, кои ги заменуваат хистоните доцна во хаплоидната фаза на сперматогенезата и се верува дека се од суштинско значење за кондензација на сперматозоидите и стабилизација на ДНК. Кога се мешаат со инсулин, протамините го забавуваат почетокот и го зголемуваат времетраењето на дејството на инсулинот .
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Medicus 2-2019.pdf
Size
12.83 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):02fd095fa99edb76d69abb887c2597e5
Loading...
Name
Medicus 2019-2.png
Size
153.39 KB
Format
PNG
Checksum
(MD5):682baf791bd8e2fa5525e415fb29c16e
