ЈУВЕНИЛЕН ИДИОПАТСКИ АРТРИТ КАЈ 10-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ дијагностициран преку хроничен, серофибринозен билатерален увеит
Date Issued
2022-10
Author(s)
Пандилов С.
Трпеска Бошкоска А.
Abstract
Резиме
Вовед: преден увеит е често асоциран со јувенилен идиопатски артрит (ЈИА), најчесто
кај моно и олигоартикуларната форма од заболувањето. Ризик-фактор за настанување
на заболувањето се женски пол, позитивни ANA и негативен реума-фактор. Ненавремено
третираните случаи пројавуваат многубројни офталолошки компликации како: задни си-
нехии, секундрна катаракта, макуларен едем и глауком.
Цел: да се прикаже случај на хроничен билатерален серофибринозен увеит, дијагностици-
ран шест години по анкилоза на лакотен зглоб кај 10-годишно девојче, ретроградно пос-
тавена дијагноза на ЈИА.
Приказ на случај: десетгодишно девојче беше евалуирана на ЈЗУ УК за очни болести
во Скопје преку: анамнеза, физикален и офталмолошки преглед, фундус-фотографија,
оптичка кохерентна томографија на заеден сегмент, ехографија на око и лабораториски
иследувања (ККС, ANA, RF, еритроцитна седиментација, CRP, HLA-B27 типизација, АСЕ).
Испитувањата потврдија билатерален серофибринозен увеит, со ендотелни преципитати
и задни синехии што се распределени по целата пупиларна циркумференција. За хро-
ницитетот на процесот укажа присутната појасеста (band) дегенерација на корнеа, обо-
страно на 3 и 9 h. Ехографски е потврден витрит на левото око, со отежната фундоскопска
егзаминација. Биохемиските анализи потврдија позитивни ANA, а негативни HLA-B27 и
RF, со што се воспостави дијагнозата. Пациентката е поставена на локална и системска
кортикостероидна и имуномодулаторна терапија во консултација со педијатар-ревматолог
и сè уште редовно се следи.
Заклучок: зглобната афекција во детска возраст треба внимателно да се евалуира за
навремено исклучување на ЈИА, со цел превенирање на многубројни системски и оф-
талмолошки компликации, кои најчесто имаат торпиден, подмолен тек до напреднати
фази на заболувањето. Мултидисциплинарниот пристап и редовните офталмолошки кон-
троли кај пациенти со ЈИА се од исклучителна важност за правилно менаџирање на оваа
состојба.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Јувенилен.jpg
Size
230.28 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):1dedff5ee81e0c08c0386eba8fb8ea74
Loading...
Name
конгрес.jpg
Size
230.16 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):f1aa509c838cef1e99ddbac3a015efd9