Влијание на брусење и бајцување врз квалитетот на фурнирани површини
Date Issued
2007-10
Author(s)
Манева, Анастасија
Манев, Трајче
Abstract
Во трудот се опишани резултати од испитувањата на влијанието на брусењето и бајцувањето врз квалитетот на површински обработени дабови фурнирани површини. Користени се два система на брусење со различни гранулации на брусна хартија, а за бајцување на површините се применети воден бајц, нитро-темелна боја и маслено-темелна боја. Според очекувањата, востановено е да рапавоста на површините по брусење е помала кога брусењето е обавено со пофина гранулација на брусна хартија и насока на брусење, односно брусен систем 120 напречно + 150 напречно + 180 надолжно. Исто така, рапавоста е помала кога површините се третираат со нитро-темелна боја или маслено-темелна боја, чие влијание е мало и идентично врз промените на рапавоста. Брусен систем 100 напречно + 150 надолжно и бајцување со воден бајц создаваат поголеми промени на рапавост, која негативно се одразува на квалитетот на завршната обработка
Subjects
