Ингвино-скротална хернија на мочен меур
Journal
Македонско медицинско електронско списание
Date Issued
2016-03-27
Author(s)
Gligorievski, Antonio
Nevcev, Ivan
Abstract
Хернијацијата на мочниот меур преку ингвиналниот канал е ретка болест која бара хируршка интервенција. Како резултат на комбинација на слабост на абдоминалниот ѕиди зголемување на интраабдоминалниот притисок се јавува пролапс на мочниот меур во ингвиналниот канал и појава на ингвино-скротална хернија. Оваа појава е многу ретка и често погрешно се дијагностицира. Се јавува почесто кај постари мажи со зголемена телесна тежина и со симптоми на опструкција на дисталните уринарни патишата и уринарни инфекции. Симптомите вообичаено се од благи до умерени, поврзани се со отежнатото мокрење и уринарни инфекции, а доколку оваа состојба навремено не се лекува може да доведе до посериозни здравствени проблеми, па се до бубрежна инсуфициенција. CT со реконструкција во три рамнини е метода на избор во дијагностиката на ингвино-скроталните хернии на мочниот меур. Оваа метода овозможува јасен приказ на хернираниот дел од мочниот меур, а овозможува и детекција на содржината на килната кеса.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
common.file.namingpattern (1).pdf
Size
782.11 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):84d52bc0ef2584f23073f36583d5a2a6
