Примена на дигитални технологии во наставата по преведување
Journal
Меѓународно списание „СОВРЕМЕНА ФИЛОЛОГИЈА“
Date Issued
2018
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Како резултат на дигиталните иновации, покрај професионалните квалификации што ги стекнуваат студентите со завршување на студиите, неопходно е да поседуваат и низа други вештини, особено технички вештини со цел да бидат конкурентни на пазарот на труд. Во таа насока се јавува потреба од стекнување т.н. „дигитални компетенции“, односно способност за користење дигитални технологии и во областа на преведувањето. Преведувачката индустрија доживува трансформација во која дигиталните технологии заземаат сè поголема примена, па следствено на тоа се воведуваат новитети и промени и во наставата по преведување со напуштање на конвенционалните методи во наставата и пасивно учење и се преминува кон современи методи и интерактивно учење. Предмет на истражување во овој труд се способностите на студентите за примена на дигиталните технологии во процесот на преведување, при што се анализираат и нивните ставови околу неопходноста од дигитални компетенции за преведувачите. За целите на овој труд е спроведено анкетно истражување со кое се опфатени 26 студенти на студиската насока по преведување на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку заклучоците од истражувањето се укажува на различни можности и начини за унапредување на наставата по преведување со примена на дигитални технологии и остварување дигитална комуникација, а особено се истакнува потребата од дигитализација на ресурсите за учење и на практичната настава.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Примена на дигитални технологии во наставата по преведување.pdf
Size
546.44 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):beb784a19910b8288af2e3f1abddd4b2
