Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Journal Articles
  4. Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик
Details

Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик

Journal
Современа филологија 2 (2)
Date Issued
2019
Author(s)
Танушевска, Лидија
DOI
10.37834/JCP 1920049t
Abstract
Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модифи­катори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, често­пати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се инте­ресни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример, логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на гово­рителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат поне­ко­гаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а поне­ко­гаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текс­тот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.
Subjects

неменливи изрази, мод...

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify