РЕДОК СЛУЧАЈ НА ДЕРМОИДНА ЦИСТА (МАТУРЕН ЦИСТИЧЕН ТЕРАТОМ НА ОВАРИУМ) КАЈ ПАЦИЕНТКА ВО ПОСТМЕНОПАУЗА
Journal
MEDICUS
Date Issued
2025
Author(s)
Bekim Dika
Abstract
Оваријалните тератоми се најчестите тумори со потекло од герминативните клетки на овариумите (95% од сите тумори на герминативните клетки и 20% од сите тумори на јајниците). Тие ретко се детектираат во постменопаузална возраст и понекогаш се поврзани со прекумерно производство на андрогени [3]. Овие тумори содржат зрели ткива кои потекнуваат од ектодерм, мезодерм и/или ендодерм. Прикaжуваме случај на 60-годишна пациентка, која беше примена во нашата болница со абдоминална болка, зголемен абдомен
и опиплива карлична маса. На компјутеризирана томографија се прикажа голема туморска формација во малата карлица со локализација над матката, со дијаметар од 10x15 см, со тенок ѕид, делумни прегради и со притисок врз околните структури. Се направи лапаротомија и тотална абдоминална хистеректомија со билатерална аднексектомија. На пресек, цистата беше исполнета со лој и влакна, ѕидот беше дебел 2-3 мм, со мазна луминална површина, во еден дел со видлив цврст нодуларен дел со дијаметар од 4,5 см, кој имаше структура од масно ткиво и потврдо ‘рскавично ткиво (Teratoma maturum cysticum ovarii). Микроскопската анализа ја потврди дијагнозата. Постоперативниот тек беше уреден, без компликации.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-gusht-2025 trud.pdf
Size
369.76 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):56dae828fd08f4f9073d75730a161366