Антропометриски индекси во процена на растот и нутритивниот статус кај деца
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Цел: Глобалниот тренд на зголемување на дебелината посебно во детската возраст ја наметна потребата од примена на антропометријата како брза, економична, неинвазивна и лесно апликативна метода со цел за процена и евалуација на полово-специфичните карактеристики на антропометриските индекси кои се користат во процена на растот и нутритивниот статус кај 5 годишни деца.
Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 240 здрави деца (120 момчиња и 120 девојчиња) на возрат од 5 години од Македонска националност. Селектирани и мерени беа 5 антропометриски параметри: телесна маса (ТМ),
висина (ТВ), обем на надлакт (ОН) и две кожни дипли (над трицепс и скапула). Со стандардни формули истите беа комбинирани и изведени како индекси: телесна маса-за-возраст, висина-за-возраст, индексот на телесната маса, БМИ-за возраст, обем надлакт-за-возраст и кожните дипли-за-возраст.
Резултати:Полово-специфични разлики се детектираа кај (ТМ,ТВ и БМИ) во корист на момчињата. Кожните дипли пак беа сигнификантно повисоки кај девојчињата. Вредностите на антропометриските индекси на 50от перцентил кај момчињата изнесуваа: 21 kg за ТМ, 115 cm за ТВ, 15.5 kg/m2 за БМИ и за кожните дипли над трицепс и скапула 7 и 4.1 mm соодветно, додека кај девојчињата се покажаа следниве вредности:20 kg за ТМ, 113.5 cm за
ТВ, 15.01 kg/m2 за БМИ и за кожните дипли над трицепс и скапула 7.8 и 4.7 mm.
Заклучок: Се препорачува овие антропометриски индекси да најдат примена како критериуми во процена и детекција на отстапување на состојбите на растот и нутритивниот статус кај деца на возраст од 5 години во Р.Северна Македонија.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Congress2020_AbstractBook-prePrint3 MLD 2020.pdf
Size
12.16 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7510c8cf55110ec843d8a59df3b89850