Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Влијанието на образовните квалификации врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста
Details

Влијанието на образовните квалификации врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста

Date Issued
2021
Author(s)
Новаковска, Мелани
Abstract
Живеејќи во време на промени предизвикани од глобализацијата, демократизацијата на општествата, појавата и развојот на широко распространетиот безжичен интернет, дигитализацијата, експоненцијалниот и конвергентен технолошки напредок, социјалните медиуми и паметните телефони, сведоци сме на нивни бројни импликации олицетворени во начинот на кој живееме, комунцираме и ги градиме меѓучовечките односи. Поаѓајќи од можностите и последиците на новиот комуникациски систем, карактеристичен за XXI век, како дел од „вмреженото општество“ на Кастелс (2000), се наметнува прашањето во која мерка постојните наставни програми за односи со јавноста соодветствуваат со предизвикот наметнат од новото време, во насока на соодветна наставна подготовка на идните професионалци за односи со јавноста, од една, и колку истите програми ги подготвуваат идните менаџери за односи со јавноста за процесот на носење одлуки, од друга страна. Оваа докторска дисертација поаѓа од претпоставката дека новиот комуникациски систем со широк и дивергентен дострел ја наметнува потребата од промени во наставните содржини во доменот на односите со јавноста со цел тие да соодветствуваат со новите и идните работни предизвици, како дел од новото време. Резултатите од истражувањето придонесуваат за утврдување на влијанието на наставните програми врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста, согледување на актуелната ситуација во програмите за односи со јавноста, настанатите промени во нив, во насока на приспособување на новото технолошки предводено дигитално време; насоката на промените во наставните содржини за односи со јавноста, како одраз на актуелните дискусии и проекти на професионалните здруженија за односи со јавноста, наметната од практикувањето на односите со јавноста. Врз основа на погоренаведеното, докторската дисертација нуди амбициозна и, истовремено, реалистична предлог-рамка за осовременување на наставната програма за односи со јавноста соодветна на „вмреженото општество“ и неговата дигитална широко распространета комуникација.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

S-MelaniNovakovska2021.pdf

Size

3.7 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):29ebd2e59556911bafa9c93e762f1526

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify