Транскрипцијата на полските имиња како функционално помагало
Journal
Литературен збор 4-6
Date Issued
2015
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Транскрипцијата на туѓите имиња како посебен оддел во правописниот прирачник на македонскиот литературен јазик е внесен како новитет во третото издание на Правописот , објавено во 1986 г. Со оглед на сѐ поголемата отвореност на светот и на општата глобализација, а со тоа и неминовното навлегување на сѐ поголем број туѓи имиња во сите сфери на секојдневното живеење, многу е важно да се наметне Правописот како норматив во преземањето на туѓите имиња, кој би бил лесен за употреба и наменет за корисници кои не го познаваат јазикот на преземените туѓи имиња.
Предложените промени во транскрипцијата на полските имиња произлегуваат од дидактичките искуства во полската фонетика со студенти кои го изучуваат полскиот јазик, како и од преведувачките искуства на книжевните преведувачи. Тие не ги нарушуваат основните принципи на досегашната транскрипција на словенски имиња, само го поедноставуваат сфаќањето на правописните правила за транскрипција на полските имиња за корисниците кои не ја познаваат и онака сложената полска графија.