Анализа на англискиот и на францускиот препев на „Стерна“ од Блаже Конески
Date Issued
2021
Author(s)
Касапоска-Чадловска Милена, Нешковска Силвана, Андреевска Лела
Abstract
Поемата „Стерна“ е изградена врз народната легенда за митскиот јунак Крале Марко кој
ја затнал страшната подземна вода во обид да го спаси Прилепско Поле од катастрофална поплава. Во
поемата, подземната вода е персонифицирана и во неа се отелотворени злото, несреќата и душевните јанѕи.
Крале Марко, односно човекот, се бори со натчовечки напор низ високо изразена драматика и поетска
тензија. Карактеристично за „Стерна“ е тоа што изобилува со културолошки лексички единици со голема
експресивна моќ, како реалии, архаизми, турцизми, но и со дијалектна лексика. Овие термини се вистински
предизвик кога станува збор за препејување на странски јазик затоа што преку нив доаѓаат до израз
културните, историските и општествените разлики меѓу две земји. Токму во успешното пренесување на
овие јазични елементи се согледува и умешноста на преведувачот, иако доста често ваквите термини се
речиси непреводливи.
Имајќи ја предвид сложеноста на поемата од семантички и лексички аспект, целта на овој труд беше
да направиме опсежна анализа на нејзините препеви на англиски и на француски јазик и да провериме во
колкава мера се тие успешни. Анализата ги опфати фонетското, лексичкото и синтаксичкото ниво на
поемата, како и нејзината формална структура и стилските изразни средства кои се среќаваат во неа.
Резултатите од направената анализа укажуваат на тоа дека и покрај формалните и содржински отстапувања
кои се направени, и англискиот и францускиот препев се доста успешни во пренесувањето на главниот
мотив и сентимент на „Стерна“.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
АНАЛИЗА НА АНГЛИСКИОТ И НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕПЕВ НА „СТЕРНА“.pdf
Size
1.82 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):761ae19a293f758ca73f32fb58cb26ae