Збороредот во простата реченица: инверзија на субјект и предикат
Journal
Journal of Contemporary Philology
Date Issued
2019-12
Author(s)
Елени Бужаровска, Лилјана Митковска, Анастазија Киркова-Наскова
Abstract
Во овој труд се разгледува феноменот инверзија на субјектот во македонскиот јазик како пример за збороред што зависи од прагматичкото значење на реченицата. Дискусијата претставува анализа на заемната интеракција на повеќе фактори на семантичко, синтаксичко и дискурсно ниво, кои резултираат со појава на постглаголски субјекти со неакузативни глаголи на реченично и на дискурсно ниво. Користејќи примери од јазичен примерок од повеќе видови пишани извори (книжевни, академски и популарни текстови), авторите посочуваат дека инверзијата на субјектот и предикатот се јавува кај конструкции што се презентациски или реченици-случки, кои воведуваат нов партиципант или нова случка во текстот. Резултатите од анализата ја потврдуваат основната хипотеза дека e инверзијата резултат на заемната интеракција на прагматичките функции на реченично и на текстуално ниво. Маркираната информациска структура повлекува инверзија доколку исполнува кохезивна функција во текстот. Во книжевните текстови, инверзијата има дополнителна прагматичка функција, така што му припишува тематски статус на субјектниот референт и предизвикува ефект на очевидност при опишувањето на ситуацијата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2019_Buzarovska_Mitkovska_Kirkova-Naskova_JCP_Zbororedot etc.pdf
Size
559.2 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):73a0b9f19a48179e93ea8da785c282df
