Some determined epidemiological characteristics in schizophrenic patients with suicide attempts
Journal
Medicus
Date Issued
2010
Author(s)
Abstract
Суицидот е главна причина за морбидитетот и морталитет кај пациентите со шизофренија. Едно од четири лица со шизофренија извршуваат самоубиство, некои и дури и за време на психијатриската грижа. Во спроведената студија кај 80 пациенти со шизофренија, суицидни обиди се регистрирани кај 17.5% од пациентите. Се регистрираат 64% од машкиот пол, со просечна возраст 44,8 +- 7.1 година, 71% се неженети/немажени ( самци ) и 35.7% живеат сами или со своите родители. Од клиничките типови на шизофренија со 28.6% е застапена параноидната, недиференцираната и неспицифичната шизофренија. Неколку извори на податоци кои се достапни за суицидалниот ризик помеѓу специфичните клинички типови на шизофренија, индицираат дека параноидните пациенти се највулнерабилни. Односот маж жена при обидите за суицид кај општата популација приближно изнесува 4:1, односот кај шизофрените пациенти со суицидни обиди во изведената студија изнесува 2:1. Збирно, возраста на суицидниот обид варира според полот кај лицата со шизофренија.
