Поезијата на Константин Миладинов среде европскиот романтизам
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Обидот да се расветлат специфичните елементи на стилската формација која се нарекува роматизам, во рамките на литературната теорија бил третиран на различен начин. Дел од теоретичарите сметаат дека е неможно да се изведе соодветен термин, кој би ги опфатил сите, често противречни методи, постапки и движења кои се развиваат од крајот на 18 и првата половина на 19 век. Од друга страна, мислењето на Рене Велек оди во корист на издвојувањето на романтизмот како специфичен модел, односно склоп од постапки, што дозволува тој да се разгледува и како стилска формација (Капушевска-Дракулевска, 2007: 471). Стремежот да се издвојат доминантните обележја на овој книжевен правец, метод и стилска формација покажува дека тој е многу повеќе од спротивставување на класицистичката рационалност (која одеше во чекор со просветителството и со неговите доминантни струења). Истовремено, романтизмот е повеќе и од едноставно истакнување на субјективноста на делото/авторот, односно поетовата личност, што првенствено се забележува низ тешкотијата да се дофати хибридната структура на романтичарски обликуваното литературно дело.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Поезијата на Константин Миладинов среде европскиот романтизам.docx
Size
70.59 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):f0ca22a9a3ee8067f84ef9982f3308b7
