Klinicko znacenje na Hemoglobin A1C i celi vo terapijata na shekernata bolest
Date Issued
2019
Author(s)
Spasovska, Marina
Rushkovska,Tatjana
DOI
http://www.szr.org.rs/kongresi/plakatzlatibormaj2019.jpg
Abstract
Diabetes mellitus (шеќерна болест) е хронично нарушување на метаболизмот на јаглехидратите што се карактеризира со зголемена концентрација на глукоза во крвта (хипергликемија), а инсулинот е хормон на панкреасот, чија ендокрина функција ја регулира концентрацијата на глукоза во крвта. Се разликуваат два типа на дијабет (Diabetes mellitus тип 1 и Diabetes mellitus тип 2). Гликозилираниот хемоглобин (HbA1c) е значаен биомаркер за дијагностицирање и следење на шеќерната болест. Нормално ниво на HbA1c е 4,5-6,2%. Анализирани се 45 испитаника. Поделбата е направена според видот на користената терапија:
• Орална терапија (просечна вредност на HbA1c: преглед – 7,98% контрола -7,29%)
• Комбинирана терапија (просечна вредност на HbA1c: преглед – 9,71% контрола - 8,00%)
• Инсулинска терапија (просечна вредност на HbA1c: преглед – 8.97% контрола – 7,64%)
Цел на истражувањето. Основните цели на овој труд се :
• Да се направи анализа на примената на тестот за определување на HbA1c и неговата корелација со гликемијата, за дијагностицирање на Diabetes mellitus.
• Следење на ефектите од терапијата, корекции и дополнување на истата.
Методи на истржувачка работа. Лабораториските анализи во ова истражување се направени во биохемиска лабораторија при поликлиниката “Бит пазар“ ЈЗУ “Здравствен дом Скопје “ Скопје. Во истото се користени резултати од 45 испитаника, на возраст од 28-83 години, кај кои е дијагностициран Diabetes mellitus тип 2. Кај испитаниците се анализирани следниве параметри:
• концентрација на гликозилиран хемоглобин (турбидометриска имуноанализа)
• концентрација на гликемија (фосфолирирање со хексокиназа)
Дискусија. Од добиените резултати во ова истражување може да се заклучи дека постои поврзаност помеѓу концентрацијата на HbA1c и гликемија како биомаркери за дијагностициран мониторинг и третман кај Diabetes mellitus. Промените на концентрациите на двата параметри, почнувајќи од појавата па се до последната временска рамка од три месеци доаѓа до намалување на концентрацииите со соодветно дозирање на терапијата.
Заклучок. Добиените резултати во текот на истражувањето, овозможуваат изведување на следните заклучоци:
• Концентрацијата на HbA1c и гликемија се зголемени при поставување на дијагнозата за дијабет.
• По одредување на соодветна терапија во зависност од концентрацииите на HbA1c и гликемија и контрола по три месеци се забележува намалување на нивните концентрации, што овозможува истите да се користат како валидни маркери за следење на прогресот на болеста.
• Прилагодување на терапијата во зависност од концентрацииите на HbA1c и гликемија

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Zlatibor 2019-1.pdf
Size
1.58 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3d4dd3246a95d880a451a7c2b035babe
Loading...
Name
Zlatibor 2019.jpg
Size
699.38 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):89ba8351873ba68162877929eca2894f