Влијанието на фонетската инструкција врз перцепцијата на англиските предни вокали
Journal
Современа филологија (Journal of Contemporary Philology)
Date Issued
2024
Author(s)
Киркова-Наскова, Анастазија
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP2471047kn
Abstract
Предмет на проучување на овој труд е влијанието на фонетската обука врз перцепцијата на англиските вокали /iː, ɪ, e, æ/ од страна на македонските изучувачи на англискиот јазик. Oбуката е осмислена така што обединува традиционални и комуникативно-когнитивни техники за изучување изго¬вор на странски јазик, коишто се фокусираат на подигнување на свеста за англискиот изговор преку максимална перцептивна изложеност на изучу¬вачите на автентичен говор, наспроти минималниот обид за вежбање на изговорот. Во истражувањето учествуваа 62 испитаника, поделени во две групи: експериментална (n = 31) и контролна (n = 31). Само експериментал¬ната група беше подложена на перцептивна обука. Сите испитаници сра¬ботија четири тестови за идентификација на вокалите, еден пред обуката и три теста по обуката. Со помош на статистичка анализа на одговорите, се тестираше ефектот на перцептивната обука врз перцепцијата на испитани¬ците. Резултатите укажуваат на индикативно подобрување на перцепцијата на тестираните фонетски контрасти, веројатно поради сѐ уште присутната нестабилност на новиот фонолошки систем кај изучувачите.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2024_Kirkova-Naskova_JCP_7(1).pdf
Size
809.27 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):55b5954a0797023b42baef2892e440f3
