Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Conference papers
  4. Вдоменоста како социокултурен феномен во поезијата на македонските автори од 19 век
Details

Вдоменоста како социокултурен феномен во поезијата на македонските автори од 19 век

Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Анализирањето на поезијата на македонските автори од 19 век досега главно ги следи стереотипите кои се наследени од позитивистичкиот пристап кон делата. Сепак, дури и владејачкиот позитивизам донесе одредени придобивки во однос на исцртувањето на културолошките димензии на проблемот на вдоменоста во македонската литература од 19 век. Така, поезијата на Константин Миладинов се гледа како втемелувачка во однос на зародениот романтизам од половината на 19 век, означувајќи го пресвртот кој се случи во македонската културна средина, а кој може да се согледа најдиректно преку засилениот интимизам во поезијата. Нашето истражување на проблемот на вдоменоста се однесува, од една страна, на преобликувањето на творечките доминанти кај македонските автори од средината на 19 век, но и на начинот како се прекршуваат културните обрасци во нивното творештво. Тоа значи дека текстот ќе ги преиспитува етаблираните антитези во творештвото на К. Миладинов и Р. Жинзифов., кои фрлаат светлина врз начинот како доминантната културна парадигма (дискурс) се храни од неприпадноста на овие автори кон него, исфрлајќи ги (иако не секогаш и нужно) кон маргините. Сето тоа оддава впечаток за поставеноста на овие автори на меѓата, која доминантниот контекст сака да ја избрише со цел да ја потврди својата единственост или правилност, но која од друга страна не може да се поништи токму поради тоа што е поливалентна. Целта е да се истражат скриените значења во творечкиот дискурс на авторите кои се напојувале од тековите на соседните културни традиции, без да бидат конечно повлијаени од или интегрирани во нив.
Subjects

(не)вдоменост, македо...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Искра Тасевска Хаџи-Бошкова Вдоменоста како социокултурен феномен.docx

Size

57.24 KB

Format

Microsoft Word XML

Checksum

(MD5):e9bbb9bae6be60f8404b3878b96f5fc6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify