Визија, трансформација: утопии, дистопии и други замислени светови
Date Issued
2023-11
Author(s)
Малеска, Калина
Abstract
Оваа книга се занимава со анализа на замислени светови, со утописки или
дистописки елементи, во неколку литературни дела. Поделена е на три главни целини.
Првата истражува книжевни утопии и дистопии во потесната смисла на зборот, како
претставување замислени општества кои во дел од политичкото уредување се поинакви
од реалноста на авторите. Овој дел почнува со преглед на развојот на утопискиот
жанр, кој покажува голема виталност и флексибилност, и кој покажува дека визиите
за подобрување на животот се сè уште можни, а продолжува со детални анализи на
неколку дистописки дела.
Втората целина се состои од неколку текстови за серијата Игра на тронови (и,
делумно, серијата книги Песна за мразот и огнот), како замислен алтернативен свет
кој одбива да ги дехуманизира своите ликови, ги прекршува и надминува наративните,
идеолошките и другите конвенции на жанрот фантастика, ги поддржува општествените
промени што носат поголема интегрираност, никогаш не запаѓајќи во носталгија или
идеализирање.
Третата целина вклучува текстови кои преку пристапот на обработка или преку
содржината на анализираните книжевни дела се занимаваат со алтернативна
интерпретација на некои нивни аспекти.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Vizija transformacija - Draft 5 - A5.pdf
Size
1.16 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):965aa7f0d1cde3c0eebb594e44ac4232