Полифониската структура на романот „Бабаџан“ од Живко Чинго
Journal
Критички методи и толкувања, том 2, прир. Катица Ќулавкова. Поглавје „Структурализам, постструктурализам, наратологија, постколонијализам и деконструктивизам“, 198-218.
Date Issued
2018
Author(s)
Искра Тасевска
Abstract
Во рамките на македонската литература од 20 век, дејноста на Живко Чинго ја обележува специфичната појава на регионалистичката проза под превезот на фантастичното (кое е, истовремено, одличен метод за маскирање на иронијата и гротеската), со што македонската литература се издигнува на уште повисоко рамниште. Неговиот богат уметнички свет и неговата посебно инспиративна и креативна личност одлично ја забележува Димитар Митрев уште во 1966 год., нарекувајќи го „случајот Чинго“ една од највлијателните појави на типичен раскажувач во македонската литература. Во рамките на книжевната критика (Слободан Мицковиќ, Бранко Варошлија, Влада Урошевиќ, Петар Т. Бошковски и др.) владее општоприфатеното мислење за овој раскажувач како посебен феномен (токму преку самопретставувањето, како што го определува Мартин Хајдегер), кој успева да ги спои формите на регионалистичката проза со реалистичното и фантастичното (ирационалното), внесувајќи длабока двосмисленост која не се троши и издигнувајќи се, на таков начин, кон најуспешните раскажувачи во македонската проза. Во таа смисла е сосема оправдана и определбата на Миодраг Друговац, кој смета дека структурата на Чинговото дело на свој начин (исклучително и типолошки) претставува „свет за себе“ кој фигурира независно, но во суштествена и длабока врска со претходната текстуална граѓа (Друговац 1990: 534).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Полифониската структура на романот „Бабаџан“ од Живко Чинго.pdf
Size
283.94 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):29ff6988136172710ae36e770a2841d0
