Математичко моделирање и задачи на Ферми во наставата по математика
Journal
Математички омнибус
Date Issued
2017-09-23
Author(s)
Suminoska, Biljana
Abstract
Математичко моделирање е активност која ни овозможува да дадеме математички модел на зададена ситуација од секојдневниот живот. Нејзиното решение ни дава подобра слика и разбирање на оригиналната ситуација. Од друга страна, реалната ситуација може да дозволи и креирање на повеќе математички модели кои ја опишуваат „подеднакво добро“.
Математичкото моделирање во наставата по математика помага за развивање на креативноста, истражувачкиот дух, помага при суштинското разбирање на интеракцијата меѓу математиката и реалноста, но и за вежбање на предвидувачките способности на учениците. Задачи кои се решаваат со математичко моделирање и со кои може да се вежбаат и предвидувачките способности, се задачите на Ферми, именувани според нобеловецот Енрико Ферми. Овие задачи најчесто подразбираат правење проценки за одредена величина. Карактеристично за овие задачи е што при нивното решавање се бараат длабоки математички и логички вештини, а се бара и критичко размислување, искуство од животот, како и способност да се раздробат посложените задачи на помали дискретни, решливи делови.
Во овој труд, најнапред ќе го дефинираме попрецизно поимот математичко моделирање, ќе изложиме дел од резултатите од спроведената анкета за тоа како нашите наставници го разбираат математичкото моделирање. Потоа, ќе се осврнеме на разликата меѓу традиционалното решавање на проблемски задачи и математичкото моделирање. На крајот, низ конкретни примери и резултати од спроведените истражувања, ќе ја илустрираме примената на математичкото моделирање во наставата по математика преку решавање задачи на Ферми.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ И ЗАДАЧИ НА ФЕРМИ ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА.pdf
Description
Article
Size
464.32 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):61aabcb1e1d55673bc7cc60446b64dee