Воспитување на волјата од аспект на педагогијата, психологијата и христијанската педагогија
Journal
Образование и сеќавање - Зборник на трудови од Четвртиот и Петтиот Светиклиментов научен собир (2020 и 2021)
Date Issued
2023
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Слободата на волјата кај човекот се состои во тоа дека тој може да избере помеѓу мотивите, оние кои ги смета за најразумни. Релативноста на таа слобода е во тоа што човекот избира едно или друго дејствие, во врска со едни или други конкретни услови, кои не зависат
секогаш од него, како и во врска со тоа како е воспитуван и како навикнал да дејствува при појавата на таквата борба. Воспитанието во случајот е од огромно значење – на кој мотив, на која желба или барање човекот ќе даде предност.
Волевото воспитание е воспитание на способноста на човекот меѓу спротивставените мотиви да се ориентира правилно при изборот и да пронаоѓа секогаш сили во себе, сознајно, трезвено и насочено да ги спроведува во дело своите мотивирани намери. Смислата на воспитанието на волјата не се гледа само во насочувањето да се направи
правилен избор, туку и да се развие силна волја, така што заземеното решение да може да се спроведе до целосно исполнување.
Во директна врска со ова прашање стојат конкретни задачи на волевото воспитание: надминување на недостатоците на волјата, воспитание на самоконтролата, воспитание на евангелската насоченост и решителност и воспитание на упорноста. Ако овие неколку задачи не се исполнат успешно, втората половина на волевиот акт: спроведување на решението во дело, останува нестабилна.
Во овој труд, најнапред ќе се осврнеме на основните ставови на учењето за волјата на научниците од XIX век – Константин Ушински и Вилијам Џејмс; од XX век – Лав Виготски и Сергеј Рубиншејн, како и на учењето за волјата на преподобниот Максим Исповедник од VII век.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Анета Јовковска - Воспитување на волјата од аспект на педагогијата, психологијата и христијанската антропологија.pdf
Size
319.7 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bf6067c129cd566ecb815b0210cca993