Имуноесеи-Најприфатлива метода за иницијален скрининг тест при детекција надроги во биолошки матерјал
Journal
MEDICUS
Date Issued
2010
Author(s)
Петровска, Сузана
Бабуловска, Александра
Abstract
Во последнава декада постои енормно зголемување во производството и снабдување во илегалните дроги,што може да се види преку огромните количини на дрога запленети при синхронизирани национални и интернационални активности, но и зголемување на зависници доведува до незаконита побарувачка на истите. Зависноста од дрога е глобален проблем кој што е присутен подеднакво како во неразвиените така и во развиените земји, и денеска нема нација која е безгрижна кога е во прашање оваа закана. Кога е во прашање користење на дроги, лабораториите се соочуваат со многу супстанции и треба да употребуваат брзи и што е можно побрзи методи за детекција и анализа во исто време, а да бидат што е можно поточни и строго специфични. Анализите во биолошките примероци представуваат дополнителен проблем затоа што неопходно потребно е да се одстранат таргет субстанците кои се присутни во комплексните биолошки матрикси крв и урина, а истите може да се интеренираат. Имуноесеи техниката која користи антитела за детекција на присуство на специфични дроги или пак нивни метаболити, е една од најприфатливите методи за иницијалните скрининг тестови. Развојот на интернационални и прифатливи методи при детекција и анализа, придонесуваат многу кон постигнување на овие цели.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
MEDICUS ISSN 1409-6366 UDC 61 Vol · XIV (2) · Qershor 2010.pdf
Size
10.46 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f5293d703f0f3cc5e96f3b3fba7ed69c
