ФИГУРИТЕ НА ЗМЕЈОТ И ЛАМЈАТА ВО ПРИКАЗНИТЕ НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ
Date Issued
2024
Author(s)
Trajce Stameski
Abstract
За целите на ова предавање ги анализираме фигурите на змејот и ламјата во волшебните приказни на Марко Цепенков од различни интерпретативни аспекти. Во фокусот на нашето истражување ќе се задржиме на некои нивни специфики кои се присутни во македонското уснокнижевно творештво, а кои исто така се дел и од поширокиот (јужно)словенски контекст. Затоа, во предавањето ќе се задржиме на симболиката на овие две демонолошки суштества, како и на трансформациите на протагонистите, кои низ различни раскажувачки ситуации доаѓаат во судир со нив. Исто така, текстот нуди и соодветна типологија на фигурите на змејот и ламјата во зависност од акциите и однесувањата во конкретните приказни. Иако, според надворешен изглед и карактерни црти тие суштински не се разликуваат, сепак овие две демонолошки суштества се во антагонистички однос кон главниот лик. Борбата на јунакот со нив е последица на карактеристичниот мотив на грабнување девојка и во тие случаи тие претставуваат реална опасност за главниот лик и олицетворение на страв. Во овој контекст ќе ја разгледаме и нивната важност за реализација на иницијациските сценарија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ФИГУРИТЕ НА ЗМЕЈОТ И ЛАМЈАТА.pdf
Size
253.07 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6e1b20b1034bc8cad0d9023abc1dbae0
