ДВАТА ПОЛА НА КНИЖЕВНАТА ПРОДУКЦИЈА: ХЕТЕРОНОМИЈАТА, АВТОНОМИЈАТА И КНИЖЕВНОТО ПОЛЕ ВО ТЕОРИЈАТА НА ПЈЕР БУРДЈЕ
Journal
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Date Issued
2021-06-20
Author(s)
Ведран Диздаревиќ
Abstract
Книжевниот свет отсекогаш го обележувале дебати за легитимноста на книжевните дела. За кого се пишува, за кого треба да се пишува, како да се пишува и ред други прашања од овој вид се повторуваат со статистичка регуларност, особено од осамостојувањето на книжевноста како автономно поле на крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Во овој труд, преку примерите на два конфликта од тој вид ─ критиките на Пауло Коелјо и на Х. Џ. Велс кон Улис и Бдеењето на Финеган од Џејмс Џојс и спротивставените ставови на поетот критичар Т.С. Елиот ─ ќе го анализираме значењето на овој вид конфликти за полето на книжевноста. Во анализата главна методолошка алатка ќе ни бидат теориите на францускиот социолог Пјер Бурдје, особено неговиот концепт за поле и, специфично, за полето на книжевноста. Посочените дебати ќе бидат анализирани преку двата пола на функционирањето на книжевното поле: книжевната продукција со мал опсег и книжевната продукцијата со голем опсег ─ бинарна опозиција што логично произлегува од двојната хиерархизација на полето. Според Бурдје, конфликтите од овој вид произлегуваат од самата структура на книжевното поле како такво и помагаат во неговото легитимирање како автономен модус на културна продукција, неговата продукција и репродукција во рамките на општествената стварност.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Двата пола на книжевната продукција хетерономијата, автономијата и книжевното поле во теоријата на Пјер Бурдје.pdf
Size
407.82 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e3fe5228c43ca352311810bc3a95850c
