Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
  4. Извозот на капитал во вид на странски директни инвестиции од големите растечки економии кон остатокот од светот – импликации врз глобалниот економски поредок
Details

Извозот на капитал во вид на странски директни инвестиции од големите растечки економии кон остатокот од светот – импликации врз глобалниот економски поредок

Date Issued
2020
Author(s)
Блажевска, Анита
Abstract
Целта на оваа докторска дисертација е да го утврди местото, значењето и реалната моќ на Бразил, Русија, Индија и Кина (БРИК) во светската економија и притоа да утврди дали постои нарушување на баланост на моќ на силите помеѓу водечките економии под дејство на растот на БРИК, т.е. ќе даде осврт на политекономските аспекти од овој процес врз глобалниот економски поредок. Иако, во последните 20 години се забележува значителен раст на уделот на СДИ од групата БРИК во глобалните текови на капитал, постои недостаток на литература која директно ги анализира СДИ од БРИК, што всушност е и причината зошто акцентот на ова истражување е врз извозот на капитал во вид на СДИ од овие земји. Имајќи ги предвид целите на истражувањето, а тоа е да се образложи значењето и реалната моќ на земјите од групата БРИК во светската економија, развојниот инвестициски пат на Dunning ќе биде клучната теорија врз која ќе го градиме нашето истражување. Користејќи ги нејзините постулати ќе направиме анализа на фазите на развој на секоја земја од групата БРИК поединечно, но и ќе направиме релативна споредба на нивните макроекономски перфоманси со најразвиените земји од групата седум најразвиени пред сè. Ваквиот пристап ќе ни овозможи да изведеме здрави заклучоци дали постои нарушување на баланост на силите помеѓу водечките економии во светот под дејство на растот на БРИК. За да може да се оствари целта на истражувањето, неопходно е истата да биде поставена и остварена врз основните методолошки начела кои се иманентни за научниот метод. Во ова истражување ќе биде употребена квалитативната методологија преку специфичниот методолошки дизајн – студија на повеќе случаи за кој веруваме дека ќе ни овозможи да создадеме пореална слика за општествениот феномен (во случајот, растот на БРИК и влијанието врз глобалниот економски поредок).
Subjects

БРИК, извоз на СДИ, н...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

AnitaBlazevska2020.pdf

Size

6.22 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):4ee8a7786b1877f316e06f8ce50a7a31

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify