Молитвите на Конески
Date Issued
2023
Author(s)
Антоновски, Иван
Abstract
Во поетскиот опус на Блаже Конески има шест песни-молитви објавени во различни творечки фази (стихозбирките датираат од 1953, 1979, 1988, 1991 и 1993 година), а покрај нив, се издвојуваат и други песни коишто имаат молитвени специфики. Но, Конески отстапува од традиционалниот модел на молитвата, дотолку што во некои од песните е евидентна сакрализација на профаното, како и профанизација на сакралното. Со отстапувањето од класичниот молитвен модел, Конески, во овие песни ја остварува актуализацијата и следствено поетската иновација за којашто се залагаше. Овој труд има за цел интерпретација на песните-молитви којашто се интересира токму за актализацијата, притоа анализирајќи ги и семиотичките признаци и ползувањето на интертекстуалноста и деконструкцијата во функција на полисемичноста на поетскиот текст. Преку интерпретацијата на песните-молитви се анализира и дел од длабоко интимното во лирската биографија на Конески, од првата молитва (1953) – љубовна песна во којашто лирскиот објект е изгубената љубов, жената поистоветена со божество, до последната – „Молитва за успокојување“ (1993), објавена непосредно пред физичкото заминување на поетот.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Иван Антоновски, Млади македонисти.pdf
Description
Молитвите на Конески
Size
252.76 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):23768e1b74768bbd4d3115d2fa439216
