МУЛТИРЕЗИДУАЛНА АНАЛИЗА НА β-АГОНИСТИ ВО БИОЛОШКИ МАТРИКСИ СО ПРИМЕНА НА LC-MS/MS МЕТОД
Date Issued
2019-04-16
Author(s)
Abstract
β-агонистите се синтетички произведени супстанци кои се користат во терапија на
пулмонални обструктивни заболувања кај луѓето и домашните животни, а кај домашните
животни исто така се користат и како срцеви тоници и токолитици. Покрај тоа β-агонистите
може да се користат како промотори на раст кај многу животински видови за производство
на месо. Апликацијата на 5-10 пати повисоки дози од одобрените терапевтски дози кај
животните за производство на месо резултира со значително зголемување на мускулната
маса, подобро искористување на храната, подобар состав на трупот и значително
намалување на телесните масти.
По употреба кај фармските животни, остатоци од β-агонистите се депонираат во
ткивата и се потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Постојат многу документирани
случаи каде конзумирањето на месо и црн дроб кои содржат β-агонисти довеле до сериозни
интоксикации кај луѓето. Поради тоа, со Директивата 96/22/ЕС, Европската Унија ја
забранува употребата на β-агонисти кај фармски животни, додека со Директивата 96/23/ЕС,
Европската Унија ги пропишува мерките за следење на овие супстанци во животните и
производите од животинко потекло.
Целта на ова истражување беше да се оптимизира и валидира потврден LC-MS/MS
метод за определување на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб и да се мониторира
присуството на овие супстанци во наведените матрикси во периодот од 2014-2016 година.
Со оптимизација на LC-MS/MS методот беа оптимизирани хроматографските услови и
условите на масениот детектор. За секој β-агонист, со масениот детектор со користење на
ESI+ јонизација, беа утврдени главните јони и по три продукт јони. Валидацијата на методот
беше извршена според Одлуката на Комисијата 2002/657/EC и при тоа беа утврдени
следните валидациски параметри: линеарност, CCα, CCβ, специфичност/селективност,
точност и прецизност. Во истражувањето беа анализирани вкупно 525 примероци, од кои
274 урина, 150 мускул и 101 примерок црн дроб. Од добиените податоци од валидацијата
може да се заклучи дека истите се во согласност со барањата од Одлуката на Комисијата 2002/657/EC. Според тоа во истражувањето е оптимизиран и валидиран линеарен,
специфицичен, селективен, точен и прецизен потврден LC-MS/MS метод за определување
на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб кои потекнуваат од животни кои се користат во
исхраната на луѓето. Во анализираните примероци не беа детектирани β-агонисти во
концентрација над утврдената вредност за CCα, што практично значи дека резултатите
укажуваат на нулта инциденца на нелегална или случајна употреба на β-агонисти и дека
примероците се слободни од овие штетни супстанци.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ДОКТОРАТ-УЗУНОВ-ФИНАЛНА-ВЕРЗИЈА-02042019.pdf
Size
9.05 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d24701dab43a3052f2e0706a9d46b322