„Автобиографијата“ на Григор Прличев како жанровска парадигма во македонската литература од XIX век
Journal
Литературен збор 4-6, год. LXII. Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература, 111-125, 2015. ISSN 0024-4791
Date Issued
2015
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Истражувањето на жанровските карактеристики на автобиографијата претставува мошне важна задача во книжевнотеориска смисла, бидејќи автобиографијата како жанр повлекува редица прашања кои се однесуваат на валидноста на теориската претпоставка за постоењето на жанровите воопшто. Автобиографијата, како жанр кој најчесто се исклучувал од централистичката концепција на жанровите поради својата хибридна структура (односно поради јасното и недвосмислено упатување на референцијалната стварност на текстот), ги отвора прашањата за суштината на фикционалноста, како и за авторството, вистината и себството. Определувањето на автобиографскиот потфат на Прличев како парадигматски се раководи од фактот што неговото дело, во најголема мера, ги рефлектира специфичностите на жанрот автобиографија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
„Автобиографијата“ на Григор Прличев како жанровска парадигма.pdf
Size
351.74 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ba25c01690f97f3a57d74a0c308e9857
