Доцни постоперативни компликации по екцизија на надворешно перде и лимбална конјунктивална автотрансплантација
Journal
Македонско списание за офталмологија = Macedonian Journal of Ophthalmology
Date Issued
2015
Author(s)
Каролина Блажевска Бужаровска
Abstract
Цел: Евалуација на хируршката метода на екцизија на птеригиум и лимбален конјунктивален автотрансплантат од долнотемпоралната булбарна конјунктива преку следење на доцните постоперативни компликации-рецидиви.Матерјал и метод:Иследувани беа 30 пациенти со напреднат назален птеригиум.Успешноста на хируршката метода беше оценета преку доцните постоперативни компликации, односно рецидивите по изведената екцизија на напреднат птеригиум и лимбална конјунктивална автотрансплантација со графт од долнотемпоралната лимбална булбарна конјунктива.Предоперативно,кај пациентите со назален напреден птеригиум беше одредена видната острина на Снеленови оптотипи (Snellen), беше евидентиран и измерен интраокуларниот притисок(воздушен тонометар), беа детално биомикроскопски иследени со процепна светлина и беа изведени фундусни иследувања со Голдмановата триогледалска лупа. Постоперативно пациентите беа следени првиот постоперативен ден, седмиот ден, триесеттиот ден, по треттиот месец, шестиот месец, деветиот месец и дванаесетиот месец.Пото пациентите беа иследувани два пати годишно.Повторувачкиот рецидивен птеригиум беше дефиниран како фиброваскуларно ткиво што инвазивно ја препокрива роговицата повеќе од еден mm од дијаметарот,почнувајки од лимбусот на роговицата од назална оперативна страна (5,7)Резултати:Добиена е ниска честота (10%) на постоперативна рецидивантност по хируршката екцизија на птеригиум и лимбална конјунктивална автотрансплантација. Заклучок:Екцизија на птеригиум и лимбална конјунктивална автографт трансплантација од долно темпоралната булбарна конјунктива е ефикасна хируршка метода, бидејки честота на повторно јавување на птеригиум е ниска.Модифицираната хируршка техника со употреба на графт од долно темпоралната булбарна конјунктива се препорачува затоа што горната темпорална конјунктива останува интактна за евентуални идни хируршки интервенции.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Macedonian Journal of Ophthalmology Vesna Cheleva 2015.pdf
Size
7.81 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):161044a5e7a16c9be03d9fe336d4f5c0
