Јазична анализа на францускиот препев на „Болен Дојчин“ од Блаже Конески“
Journal
Зборник трудови од XLVIII Mеѓународна научна конференција на LIV летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, Р. Македонија
Date Issued
2022
Author(s)
Касапоска-Чадловска Милена
Abstract
Поемата „Болен Дојчин“ е една од најсугестивните и
експресивно најсилни поетски изрази на Конески. Таа почива врз
народната легенда за епскиот херој кој на смртната постела копнее
за својот последен херојски подвиг со кој ќе го уништи црниот
непријател, спасувајќи ја честа на домот и обезбедувајќи си вредна
и достојна смрт. Во суштина, „Болен Дојчин“ претставува алузија
на човековата средба со самиот себе, на двобојот со сопствената
сенка, со другиот, со антихеројот, на човековиот непокор, но и на
неговиот неизбежен пораз. Јазикот кој го користи Конески во
поемата маестрално ја дестилира душевната состојба на лирскиот
субјект во очудени поетски слики, со мачен, тегобен призвук. Се
забележува употребата на народна лексика и лексеми со негативен
семантички полнеж, но со силна експресивна моќ, а поетскиот
ефект дополнително е засилен преку разновидните стилски фигури.
Имајќи ги во предвид сложените јазични и естетски обележја на
поемата, наша цел во овој труд е да направиме опсежна анализа на
нејзиниот препев на француски јазик. Покрај формалната
структура, анализата ги опфаќа фонолошкото, морфолошкото,
синтаксичкото, семантичкото и лексичкото рамниште на поемата,
како и стилските изразни средства кои се среќаваат во неа. Преку
анализата, ќе провериме дали и во колкава мера препејувачите
успеале да постигнат еквиваленција помеѓу оригиналот и препевот,
односно да го пренесат автентичниот поетски сентимент од
изворниот во целниот јазик.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Јазична анализа на францускиот препев на „Болен Дојчин“ од Блаже Конески“.pdf
Size
13.42 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):53584fd3b2d3154b89a95a7449e3df6c