Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Conference papers
  4. Мониторирање и Евалуација на Антропометриските параметри кај деца од предшколска возраст
Details

Мониторирање и Евалуација на Антропометриските параметри кај деца од предшколска возраст

Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Вовед: Следењето на процесот на раст и развој се главни компоненти на примарното здравје кај децата од предшколската возраст. Целта на ова истражување е да се презентира квантитативното и квалитативното испитување на поедини антропометриски параметри кај децата од предшколската возраст со цел да се добијат информации и податоци за преваленцата на различни категории на растот и нутритивниот статус.
Материјал и методи: Во испитувањето беа вклучени здрави деца од предшколска возраст од двата пола. Десет параметри беа измерени според ИБМ (Интернационалната Биолошка Програма), како што се телесната тежина, телесната висина, лонгитудинални параметри и трансверзални дијаметри, како и кожните дипли за трицепс и скапула. Беше пресметан и БМИ (индекс на телесна маса). Квалитативното испитување беше со анализа на мапирање на податоци со самоорганизирани мапи.
Резултати: Полово специфичните разлики беа детектирани но не покажаа некоја значајна сигнификантна разлика. Вредностите беа незначително повисоки кај девојчињата. Резултатите покажаа дека вредностите на 50ти перцентил кај девојчињата изнесуваше 20 kg за телесната тежина, 115.4 cm за телесната висина и 15.66 kg/m2, за БМИ. Додека кај момчињата изнесуваше 20 kg кг за телесната тежина, 113.2 cm за телесната висина и 15.94 kg/m2, за БМИ. Вредностите за БМИ кај децата од албанската националност за 50ти перцентил изнесуваше кај девојчињата 16.2 kg/m2, додека кај момчињата беше 16.68 kg/m2.
Заклучок: Прекумерната телесна тежина рапидно се зголемува кај децата уште во детската возраст. Следењето на нејзиниот тренд доведува до формирање на критериуми за правилен раст и развој, како и проценка на нутритивниот статус кај децата од предшколската возраст.
Subjects

раст

антропометриски парам...

самоорганизирани мапи...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Congress2020_AbstractBook-prePrint3 MLD 2020.pdf

Size

12.16 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):7510c8cf55110ec843d8a59df3b89850

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify