„ПОДОБРО Е ДОБРО ИМЕ ОТКОЛКУ ГОЛЕМО БОГАТСТВО“: СИМБОЛИЧКИОТ КАПИТАЛ ВО ПОЛЕТО НА КНИЖЕВНОСТА
Journal
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Date Issued
2022-12-12
Author(s)
Ведран Диздаревиќ
Abstract
Во овој труд ќе ја претставиме теоријата за симболичкиот капитал во рам-
ките на полето на книжевноста на францускиот теоретичар, социолог и ан-
трополог Пјер Бурдје, теорија што можеме да ја пронајдеме во неговата
книга посветена на книжевноста насловена Правила на уметноста (1992)
и во неговите бројни есеи посветени на истата тема. Ќе ја претставиме и ќе
ја анализираме неговата теорија за симболичкиот капитал на два начина:
најпрво по себе, како што е образложена во неговите книги и есеи, а потоа
преку различни примери од светот на книжевноста. Во првиот дел ќе го
претставиме разговорот меѓу американските писатели Ернест Хемингвеј и
Скот Фицџералд за природата на пишувањето, опишан од страна на Хе-
мингвеј во книгата Подвижна гозба. Во вториот и во третиот дел ќе пре-
минеме кон претставување и анализа на концептот „симболички капитал“.
Најпрво ќе го дефинираме поимот, ќе ги анализираме и ќе ги поставиме
во поширок контекст дефинициите на Бурдје; потоа ќе зборуваме за спе-
цифичните манифестации на симболичкиот капитал во полето на книжев-
носта и за неговиот однос со класичниот, односно со економскиот капитал
во потесната смисла на зборот; исто така, ќе зборуваме за генезата на овој
поим на индивидуално и на општествено ниво; на крајот, ќе зборуваме за
неговата можна трансформација во економски капитал. Во заклучокот ќе
извлечеме генерални согледби во однос на претставеното и на придонесот
на теоријата на Бурдје за проучувањето на книжевноста.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Podobro dobro ime.pdf
Size
353.06 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b3c8086f1152e3cd9da23d05bca32064