ХОРОИДАЛЕН МЕЛАНОМ – MELANOMA MALIGNUM CHOROIDEAE
Date Issued
2023-09
Author(s)
Abstract
Хороидалниот меланом е најчест тип на интраокуларен тумор со просечна годишна инциденца од 5-10 случаи/1.000.000 индивидуи и се јавува кај лица на просечна возраст од 60 години. Хороидалниот меланом има голем број поврзани фактори на ризик како што се возраста, полот, генетската или фенотипската предиспозиција, работната средина и дерматолошките состојби. Главно се засегнати постарите лица, а постарата возраст е исто така поврзана и со полоша прогноза. Кај млади индивидуи е поврзан и со вродени меланоцитни синдроми (окуларна меланоза и синдром на диспластичен невус). Пациентите со хориоидален меланом може да манифестираат безболна загуба на видот и се откриваат при рутински офталмолошки преглед. Третманот на примарниот хороидален меланом со радиотерапија, енуклеација или други модалитети постигнува локална контрола кај повеќе од 90% од пациентите, иако 40% или повеќе на крајот развиваат далечни метастази, најчесто во црниот дроб.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-gusht-2023.pdf
Size
3.42 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fe3f174d4a80489097118a6aaa74354f
