Комбинирана терапија на увеит кај Морбус Бехцет со циклоспорин и колцихин
Date Issued
2003-10
Author(s)
Димитрова Г.
Abstract
Цел: Да се следат терапевтските ефекти и несакани дејства кај пациенти со Морбус Бехцет третирани со комбинирана терапија со циклоспорин и колцихин.Матерјал и метод:8 пациенти (6 мажи и 2 жени) со очни компликации кои биле лекувани помеѓу 1994-2003г.Сите пациенти биле лекувани првично само со циклоспорин, а потоа е додаден колцихин(1 мг). Испитувани биле несаканите дејства на лековите и бројот а рецидивантни атаки пред комбинираната терапија и после.Следена е видната острина за една до две години. Резултати: број на очни атаки за 6 месеца само со циклоспоринска терапија од 3+-0,3 се намали н 2,1+-0,3 после 6 месец, односно 1,9+-0,5 во 12 месец после комбинираната терапија.Несакани дејства на комбинираните лекови беа забележани во вид на ренална дисфункција кај 62%, гастроинтестинални симптоми кај 50%, хепатална дисфункција кај 12,5%, неуролошки симптоми кај 12,5% и хипертензија кај 12, 5%. Дискусија:Оваа терапија покажа забележителен ефект за превенирање на очните атаки кај Морбус Бехцет.Како несакани ефекти, се забележани реналната дисфункција и диареа.
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
7.jpg
Size
231.08 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):bdd78578dea9fee92829aaeec7b01b07
Loading...
Name
8.jpg
Size
231.03 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):89452556525bd6e9f1d0ce12c86d0a1e
