Плеврален излив кај болни со малигна болест - ретроспективна студија на пресек
Journal
Medicus
Date Issued
2023
Author(s)
Todevski, Dejan
Arbutina, Suzana
Abstract
Вовед: Oсновна процедура за дијагностика на малигните изливи е цитопатолошката анализа на плевралниот пунктатот добиен со дијагностичка парацентеза.
Цел на студијата е да се одреди фреквенцијата на плевралните изливи кај малигни заболувања, како и на цито-патолошки потврдените малигни изливи во зависност од патохистопатолошкиот наод на примарната болест.
Материјал и методи : Направена е студија на пресек која анализира пациенти лекувани на Клиниката за пулмологија и алергологија, Скопје поради малигно заболување и придружен плеврален излив. Aнализирана е медицинската историја на болните, резултатите од патохистологијата на примарната неоплазма и цитопатолошките резултати од плевралниот излив.
Резултати: Кај 57 пациенти вклучени во студијата, белодробниот аденокарцином кај мажи и карциномот на дојка кај жени се најчестите малигни заболувања асоцирани со плеврален излив, со застапеност од 21(36,8%). Следуваат лимфомите и гастроинтестиналните малигноми со по 5 (8,8%) и планоцелуларниот карцином на бели дробови со 4 пациенти (7,7%). Цитопатолошка потврда на малигната природа на изливот е најдена кај 16 (28,1%) од пациентите. Најголем процент на позитивен цитопатолошки наод во плевралниот излив беше најден кај белодробниот аденокарцином 5 (31.3%), карциномот на дојка 3 (18.7%), додека мезотелиомот, оваријалниот карцином, лимфомот, карцином на панкреас, ситноклеточниот и недефинираниот неситноклеточен карцином беа застапени со по 1 пациент (6,3%).
Заклучок: Детекцијата на малигниот плеврален излив со позивната цитопатологија зависи од типот на туморот што го предизвикал. Кај аденокарциномот на бели дробови и дојка сензитивноста на цитологијата е многу висока; кај други малигноми понекогаш има потреба таа да се комбинира со други дијагностички процедури.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-gusht-2023- dejan.pdf
Size
3.42 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fe3f174d4a80489097118a6aaa74354f