Симболичкиот универзум на Ефтим Клетников
Journal
Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 47/48
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Во текстот се анализира поезијата на Ефтим Клетников од гледна точка на присутните симболи и симолички корелати, преку истакнување на дел од неговите поетски збирки и поетски достигнувања. Значенското богатство на симболите во поезијата на Клетников се должи првенствено на неговите сознанија коишто ги преточува во нив, вешто варирајќи концепти од различни културни традиции. Клетников е во еден вид романтичарска потрага по изворното, оригиналното, идејното, која се исчитува и во потрагата по совршениот збор, којшто би ја открил тајната на постоењето. За Клетников, поетот е пророк, односно предводник на човештвото, кој е обврзан да го буди човекот од мракот на незнаењето. Во таа смисла, тој се претставува и како вешт толкувач на скриените значења, откривајќи ја мистичната врска на сите нешта во светот. Неговата поезија е сведоштво за еден нов тип хуманизам, во чијшто центар се наоѓа човекот како спознавачко и креативно битие кое ги исцртува насоките на развојот на човештвото.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова - текст за Годишниот зборник.docx
Size
43.31 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):55802c4d852253cf9f2f75f697ad277c
