Перфоративни повреди на око здобиени во воен конфликт
Date Issued
2001
Author(s)
Антова Велевска М.
Ивановска М.
Abstract
Вовед: Повредите на окото во воени услови се се почести и потешки. Перфоративните повреди најчесто се предизвикани од остри страни тела или страни тела кои се движат со голема брзина, од магнетна или од не магнетна приода присатни интрабулбарно или не. Перфоративни повреди се: 1. Perforatio Simplex (со влезно перфоративна рана), 2. Perforatio Duplex или пенетрантна повреда (со влезна и излезна перфоративна рана). Цел: Приказ на случаи со перфоративни повреди на очното јаболко лекувани на Клиниката за очни болести од март до крајот на август 2001ва година. Материјал и метод: Пациент со пенетрантна повреда без страно тело и 4 пациенти со Perforatio Simplex од кои еден пациент со интра булбарно страно тело, еден пациент со страно тело во м. ректи интерни и двајца пациенти со странотело субконјунктивално. Сите пациенти биле хируршки обработени со примарна хируршка тоалета на булбус, а секундарно е изведена парсплана витректомија кај пациент со пенетрантна повреда и пациент со перфоративна симплекс повреда со страно тело интрабулбарно. Дискусија: Успехот на лекувањето зависи од брзата дијагностика, благовремено и правилно лекување, локализација и големина на разорување на структурите на очното јаболко и брзиот транспорт во лежечка положба до офталмолог хирург. Триажата на перфоративните повреди е од втор ред на итност. Заклучок: Употребата на соодветен протокол на лекување треба да се примени веднаш уште во првите санитетски етапи со превентивна антибиотска и антитетаничка профилакса. Оптималното време за давање на дефинитивната специјалистичка помош е во интервал од 6 до 12 часа по настанувањето на повредата.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Hirurshki seminar za povredi zdobieni vo voeni konflikti Vesna Cheleva 2001.pdf
Size
4.25 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0245767beaaa1220406e26e3cd1a1506
