Употребата на метафори во научниот функционален стил (преку примери од научно-учебничкиот потстил)
Date Issued
2016
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Кај голем број автори преовладува ставот дека можноста за метафоризација на изразот не е присутна кај научниот функционален стил. Генерално се смета дека кај овој стил преовладува терминолошка лексика што служи за означување логички формулирани поими (Минова-Ѓуркова, 2003), а којашто се употребува со нејзиното основно значење со оглед на тоа што се одликува со еднозначност и неутралност. Главна цел на овој труд е да покаже дека употребата на определени стилски фигури (особено метафори) е карактеристична и за научниот функционален стил во кој и покрај терминолошката и професионалната лексика е присутен метафоричен и метонимиски начин на изразување. Поточно, врз основа на одбрани примери може да се покаже дека покрај основното значење, термините може да имаат и вторично значење што се добива со преосмислување, при што новите преосмислени значења на зборовите претставуваат преносни значења. За таа цел фокусот во трудот е насочен кон научно-учебничкиот потстил, односно анализата се врши врз современ корпус од книги и учебници од економско-финансиската област (кои се од странски и македонски автори) и од кои се издвојуваат многубројни примери за метафорично изразување и покрај апстрактноста и објективноста (Tošović, 2002).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Употреба на метафори во научниот функционален стил.pdf
Size
504.78 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):14983e1ba51437f396c25e4bb8038f0b
