Тајнописот во есеите на Анте Поповски
Date Issued
2022
Author(s)
Антоновски, Иван
Abstract
Трудот е посветен на есеистичкото творештво на Анте Поповски, со посебен осврт кон медиевистиката како Антев творечки предизвик. Поаѓајќи од согледбата дека интерпретацијата и вреднувањето на творечкиот опус на Анте Поповски би било нецелосно без исчитување на неговите есеи и без нивна анализа во контекст на севкупниот творечки влог на Поповски, се согледува и комплексноста на есеите на Поповски, заради што тие и
не може едноставно да се категоризираат според постојните типологии на есејот. Едновремено се анализира и поврзаноста на есеистичкото со поетското творештво на Поповски. Со целосна насоченост исклучиво кон сегментот на есеистичкото творештво посветено на средновековието, се согледува пристапот на Поповски во анализирањето
на средновековниот книжевен текст – иновативен не само во текот на XX век, туку и денес, во него препознавајќи пристап којшто недостига на медиевистиката во нашиот книжевен и научен контекст. Трудот отвора и неколку прашања коишто се препознаваат како натамошен предизвик во анализирањето и коментирањето на есеистичкото
творештво на Анте Поповски. Клучното завршно прашање е Дали есејот на Анте е само есеј?

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
_0430123335_001.pdf
Description
Тајнописот во есеите на Анте Поповски
Size
520.87 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):55654622735435cbfb2e00b69d3d8994