Хирургија на птеригиум-конјуктивална автотрансплантација
Date Issued
2003
Author(s)
Антова Велевска М
Ивановска М
Џајковска Е
Abstract
Цел: Изведување и следење на доцни, постоперативни компликации по ексцизија на напреднат и повторувачки птеригиум со методата на слободна конјуктивална автотрансплантација. Материјал и метод: Испитувани се оперативно третирани пациенти (42) со напреднат птеригиум (со должина мерена од лимбусот на корнеата од 3 и повеќе мм) и 17 пациенти со повторувачки птеригиум (претходно оперирани по методата на ексцизија на птеригиум со транспозиција на крвните садови или со техника на оголена склера. Средно постоперативно време на следење 35,5 месеци. Резултати: Во групата на пациенти со напреднат птеригиум (42) кај 4 пациенти се забележа рецидив (9,5%) а во групата на повторувачки птеригиум (17) рецидив беше забележан кај 2 случаи (11%). Честотота на постоперативното јавување временски го достигна врвот во 6 месец. Дискусија: Оваа оперативна техника претставува успешна метода и метода на избор за превенција на повторно постоперативно јавување на напреднат и рецидивантен птеригиум.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
1vi mkd oftalmoloshki kongres Vesna Cheleva 2003.pdf
Size
6.65 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):223ad12eaeaa7ecdfd32ced480350dab
