Лицата со оштетен вид во улога на наставници по македонски јазик
Date Issued
2025-08-26
Author(s)
Гордана Алексова
Abstract
Лицата со оштетен вид во улога на наставници
Постерот ги претставува целите, текот и резултатите од научноистражувачкиот проект на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Лицата со оштетен вид во улога на наставници по македонски јазик. Овој проект е мотивиран од соработката со студент со целосно оштетен вид на часовите по Методика на наставата по македонски јазик, а целна група претставуваат лица со оштетеност на сетилото за вид, но со целосна интелектуална, физичка и способност на другите сетила. И покрај комуникациските способности и компензациските механизми за снаоѓање во разни ситуации, овие лица наидуваат на пречки при подготовката и вработувањето како наставници. Проектот ја зголемува видливоста на лицата од оваа ранлива категорија и укажува на одговорноста на општеството за остварување на нивното демократско право за еднаквост во професионалната ориентација и вработувањето, според принципот на инклузивност и Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ООН.

Subjects