Техники за тимска работа во онлајн наставата по странски јазик
Journal
Зборник трудови од Научно- стручен собир „Влијанието на пандемијата врз науката-искуства и примери на професионални предизвици во општеството“
Date Issued
2021
Author(s)
Лела Ивановска, Силвана Нешковска, Милена Касапоска-Чадловска
Abstract
Како во многу земји, така и кај нас, борбата против КОВИД-19 ги
затвори училиштата и учењето се одвива онлајн. Онлајн наставата
претставува нов, поинаков начин на учење и подучување. Прилагодување
на содржината на материјалот, давање соодветни инструкции за
зададените задачи, оценување на знаењето, одржување на мотивираноста и
интересот научениците/студентите за време на онлајн часовите, се само
дел од предизвиците со кои се соочи образованието во целост за време на
оваа пандемија. Со овие предизвици се справуваат и наставниците и
изучувачите на странски јазик.
Целта на овој труд е да понуди интерактивни техники за тимска
работасо цел создавање поволна клима за онлајн учење на странски јазик,
како и за поттикнување на социјализацијата меѓу сите инволвирани страни
за време на онлајн наставата, но и за одржување на мотивацијата за учење,
стимулирање, релаксирање и создавање атмосфера на доверба. Посебен
акцент се става на некои од таканаречените воведни техники за тимска
работа, предложени од Nik Peachey во неговата книга ,,Team Building
Activities”, и тоа The Ice breakers, Identity Iceberg, Human Alphabet, Bucket
List и The Web Crawl. Аргументите на овој труд се во насока на валидација
на тврдењето дека користењето на ваковтип на наставни техники,од една
страна, е директно поврзано со формирањето на позитивна социоемоционална атмосфера, а од друга страна, нуди можности за интеракција
во наставата и полесно совладување на материјалот.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Техники за тимска работа во онлајн наставата по странски јазик.pdf
Size
2.38 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a3190595e01233d5e189d0d01e60e3ef