Влијание на анксиозноста и депресивноста поврзани со КОВИД-19 во Скопје, РС Македонија во тек на 2020 година на квалитетот на живот
Date Issued
2022-04
Author(s)
Наумовски, Тони
Блажевска, Весна
Abstract
Вовед: Пандемијата на корона вирусот (COVID-19) во 2020 година претставуваше невидена закана за јавното здравје. Тековните мерки за контрола на ширењето вклучува социјално дистанцирање, изолација и карантин, што може да предизвика проблеми со менталното здравје кај поединци.
Метод: Примерокот (N = 65) поделен во две групи, сочинува: испитаници кои биле во изолација (14 дена)- поради суспектност дека се позитивни на корона вирусот и лица кои не биле во изолација, а се јавиле за психолошка поддршка. Скалата за депресија и за анксиозност на Голдберг беа администрирани како мерки на депресија и анксиозност, соодветно и скала за квалитет на живот QOLS.
Резултати: Депресивност и анксиозност се следи кај сите испитаници. Испитаниците кои поминале период од 14 дена во изолација пријавуваат поголема изразеност на симптомите на депресивност и анксиозност отколку оние кои не биле во изолација и нивниот квалитет на живот е полош.
Заклучок: Манифестацијата на депресивност и анксиозност кај изолираните испитаници е значително поголема од онаа на испитаниците кои не биле во изолација што значајно влијае на нивниот квалитет на животот.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
20230730_124002.jpg
Size
4.75 MB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):75a28d622569273e49bbea65a990a1ee
Loading...
Name
abstrakt1.jpg
Size
1.95 MB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):a2ff3bd48c262ba61d0d3a44a4258e06