Од беседа до актуелна полемика – македонско искуство
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Предмет на анализа на овој труд претставува исцртувањето на развојниот пат на еден од најкарактеристичните жанрови за македонската литература (беседата), како и нејзиното проникнување во и со полемичните текстови од различен вид. Со оглед на актуелноста на жанрот слово (беседа) во македонската литература од 19 век, Прличевите беседи ќе бидат еден од парадигматичните примери, врз кои ќе се следат развојните етапи на жанрот. Од друга страна, таквите согледувања ќе бидат нужно дополнети со современите искуства (колумните, книжевните дебати и сл.), што треба соодветно да ја обликува претпоставката за опстојувањето на жанрот преку менување на неговите надворешни својства или медиумот преку кој се пренесува. Низ анализата на клучните чинители, кои влијаат врз одредувањето на жанрот, текстот настојува да ги потцрта активните преобразби на жанровската структура низ времето, како и специфичната поврзаност на одреден жанр со дадена културна средина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Од беседа до актуелна полемика - македонско искуство.docx
Size
53.93 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):b68b2759c307af9402873be1a56785c9
