Пролегомена за класификацијата на прозните жанрови во македонската литература од 19 век
Journal
XLV меѓународна научна конференција на LI летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, 305-318.
Date Issued
2019
Author(s)
Искра Тасевска
Abstract
Македонската литература од 19 век, според нејзините својства и специфичен тек, претставува еден од најпроблематичните периоди во развојот на македонската култура воопшто. Досега, нејзините карактеристики се проследуваа преку најразлични, главно позитивистички насочени анализи, кои ја опишуваат појавата на книжевниот артефакт во дијахрониска смисла. Целта на овој текст е да ја преосмисли таквата поставеност на македонската литература од овој период, но во функција на една поразвиена жанровска типологија на прозните жанрови, соодветно на аналитичките премиси на Ханс Роберт Јаус. Сметаме дека таквата класификација ја дополнува историската перспектива низ која се проучува 19-вековната литература, што овозможува и збогатување на синхрониските истражувања на соодветните појави. Постоењето на валидна жанровска класификација создава можност да се одговори прашањето за жанровите кои се појавуваат, навидум, без жанровски претходник, како и соодветно да се промисли проблемот на жанровскиот развој и т.н. еволуција на жанрот.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Пролегомена за класификацијата на прозните жанрови во мак. 19 век.pdf
Size
275.03 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):1d4559c874d173d0c399307979d11a25
