КУНИС СИНДРОМ - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ НА АКУТЕН МИОКАРДЕН ИНФАРКТ ПОСЛЕ КАСНУВАЊЕ ОД ПЧЕЛА
Journal
International Journal of Recent Research in Arts and Sciences
Date Issued
2024-03
Author(s)
Petreski, Mario
Abstract
Вовед: Акутниот миокарден инфаркт (АМИ) е една од главните причини за морталитет и морбидитет во светот. Постојат низа фактори кои што можат да предизвикаат АМИ. Кунис синдомот е синдром во кој што акутениот миокарден инфаркт (АМИ) е предизвикан од алергиска реакција на организмот кон отрови од инсекти, разни лекови, супстанци, контрастни сретства, храна и др.
Приказ на случај: Пациент на 62-годишна возраст доаѓа во амбуланта на Брза помош со диспнеа, црвенило и замор. Симптомите започнале после два последователни убоди од пчели, на чиј што убод пациентот дава податок дека е алергичен. Неколку минути после дадената кортикостероидна и антихистаминска терапија, пациентот се жали на силна градна болка. На направениот електрокардиограм е увидена СТ сегмент елевација при што е потврден СТЕМИ. Пациентот е итно пренесен во најблискиот кардиолошки центар каде што е изведена коронарографија на која што е увидена 95% стеноза и тромби во лева предна десцентентна коронарна артерија. Извршено е стентирање и пациентот продолжил со понатамошна кардиолошка коронарна нега.
Заклучок: Кунис синдромот е потенцијално опасна состојба која што е важно навремено да се препознае и истата навремено да се третира. Лекарите треба диференцијално дијагностички да размислат на него и соодветно да го исклучат како можна дијагноза.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
MIT trud 1.pdf
Size
7.55 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):80ee8a4fe4067ca0874e26a636cad6ea